Розберг и Хамилтон на исто ниво пред крајот


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Техничкиот директор на Мерцедес, Пади Лоу изјави дека Нико Розберг и Луис Хамилтон ќе бидат изедначени по прашање на „животот“ во нивните мотори пред последните 2 трки во Ф1.

    Розберг пред ГН на Бразил има 19 бодови предност во однос на Хамилтон.

    Лоу пред големото финале изјави дека ниту еден од возачите на Мерцедес нема да има предност во перформанси или сигурност, бидејќи моторите кои 2-та ги имаат на располагање преминаа слична километража.

    „Ситуацијата е очекувано балансирана помеѓу нив двајца. Ниту во еден случај не е идеална, да бидам искрен. Но, не постојат фактори кои би му дале предност на еден од нив. Како и секогаш, целосно сме сконцентрирани на тоа да имаме 2 добри болиди и 2 мотори кои ќе издржат до крајот. Во Мексико двајцата стигнавме до целта, а тоа беше одлично.“

    Лоу исто така изјави дека е невозможно да се предвиди дали возачите на Ред Бул и Ферари можат да го предизвикаат Мерцедес во Сао Паоло.

    „Постојат голем број фактори, а викендот во Мексико го потврдува тоа, бидејќи на секој тренинг може да изберете различен победник. Се зависи од моментот.“

    Трката за ГН на Бразил се вози во недела од 17 часот.