Враќање на терените или пензија: Што ли мисли Роналдињо?!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Поранешниот најдобар фудбалер во светот, Роналдињо веќе една година е без клуб, но сеуште постои можност тој да се врати на теренот. Освојувачот на 2 „Златни топки“ вели дека наскоро ќе одлучи дали ќе ја заврши кариерата или ќе продолжи со фудбалот.

    „Сеуште не знам дали ќе играм уште една година или ќе се простам од фудбалот. До крајот на годината ќе одлучам. По толку години фудбал се навикнав на тренинзи, па сега чувствувам жал затоа што прекинав. Но, сеуште немам одлучено дали ќе играм наредната година.“

    Одличниот Бразилец се сети и на времето поминато на „Ноу Камп“ и односот со Меси.

    „Не се сеќавам кога прв пат слушнав за него, тоа сигурно беше неколку денови по моето доаѓање во Барселона. Луѓето зборуваат за него. Гледав како тренира и го прашав дали ќе дојде да тренира со нас. Секогаш сме биле блиски пријатели, си помагавме еден на друг. Тој ме сакаше и имаше голема почит кон мене, баш како и јас кон него.“

    https://youtu.be/7IBERQ9abkk