Роналдо – Златната топка нека ја добие Кристијано


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    „Тој би морал да биде пред Меси“, изјави бразилецот Роналдо.

    Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, бразилецот Роналдо порача дека Кристијано Роналдо од Реал Мадрид ја заслужи златната топка пред Лионел Меси.

    Роналдо е прв фаворит за освојување на златната топка оваа година во која освои ЛШ со Реал и ЕП со Португалија, но и постигна 51 погодок во сите натпреварувања.

    „Оваа година да се прашувам јас Роналдо мора да биде пред Меси поради се што освои. Многу го критикуваа Кристијано поради формата, но не мислам дека имаше кризен период. За Португалецот би било најдобро да продолжи вака, игра во Реал до крајот на кариерата и потоа нека преземе некоја функција“, изјави феноменот.

    Победникот ќе биде прогласен на 9-ти јануари следната година во Цирих.