„Мурињо прави глупави потези и казнува погрешни фудбалери“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Џон Џајлс, поранешниот играч на Јунајтед, остро го критикуваше Мурињо.

    Тој неодамна ги обвини Шо и Смолинг за предавство, бидејќи не можеле да играат, а Џајлс смета дека Мурињо претерува со обвинувањата.

    „Тој ги обвинува и им ги скратува платите бидејќи смета дека тие лажирале повреди. Тоа му е глупав потег со кој може само да му наштети на тимот. Наместо скапи засилувања, тој ги казнува играчите кои се најмалку виновни и според тоа за мене Мурињо е најголемата грешка во Јунајтед.“

    Да потсетиме, пред последниот натпревар во ПЛ против Свонси, 2-та играчи се жалеа на повреди пред самиот натпревар, па Мурињо мораше да го менува составот. Потоа ги обвини играчите дека го предале и се тоа го кажа во јавност.

    Јунајтед моментално е на 6-то место со 18 бодови од 11 одиграни кола.