„Подготвен сум за болката ако ја изгубам титулата“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Луис Хамилтон изјави дека е подготвен за болката ако ја изгуби титулата од Розберг.

    Хамилтон никогаш нема победено во Бразил, а реално, тоа му е неопходно за да остане во трката за 3-та титула по ред.

    „Претходните 2 трки бев одличен, дури и ако го повторам тоа, можеби нема да биде доволно. Формулата е одлична, без грешки, имам брзина цела сезона, но не успевав секогаш да ја искористам.“

    Хамилтон призна дека секоја ноќ се занимава со математика.

    „Мене тоа ми е многу необично сценарио, не сум тој кој одлучува, подготвен сум на болката ако ја изгубам титулата, но и за радост доколку ја освојам.“