Покрај играчот на Јунајтед, повредено и егото на Мурињо


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг ќе отсуства од теренот следните четири недели.

    Како што пишува „Daily Mail“, Смолинг го повредил прстот на ногата на две места и тој нема да биде во можност да игра во следниот период.

    Ова сигурно многу тешко му падна на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо. Тој неодамна го обвини Смолинг дека глуми дека е повреден, за да не игра против Свонси, но на крајот се покажа дека дефанзивецот навистина е повреден.

    На крајот се докажа дека повреден е и Мурињо, односно неговото его.