Дали Розберг ќе успее во Бразил да ја освои титулата?


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    До крајот на сезоната во Ф1 останаа уште 2 трки, а првата од нив се вози во недела за ГН на Бразил. Во последните 10 години, на патеката „Интерлагос“ четири пати се дозна кој ќе биде шампион, а истото може да се случи и овој викенд.

    Возачот на Мерцедес, Нико Розберг пред трката во Сао Паоло има 19 бодови повеќе од Луис Хамилтон. Тоа воедно значи дека доволно му е да освои 6 бодови повеќе од својот колега, а најсигурно би било кога на претпоследната трка на сезоната тој би бил победник. Розберг многу добро знае како е да се победи на ГН на Бразил, бидејќи беше најдобар во минатите 2 години.

    Хамилтон, интересно, никогаш досега нема победа на оваа патека, но на неа ја освои првата од своите 3 титули. Англичанецот по проблемите со моторот на трката во Малезија успеа да се врати во борба за титулата со победите во Остин и Мексико Сити, а ако сака да се задржи во неа, исто мора да направи и во Бразил.

    Од претходните трки, во центар на внимание беше Себастијан Фетел, кој во текот на ГН на Мексико испрати пцовки до директорот Чарли Вајтинг. Фетел прво преку писмо се извини, а птооа јавно по доаѓањето во Бразил. Од Мексико се решени и уште 2 дилеми за прашањето за возачките тимови од наредната сезона – Палмер останува во Рено додека Окон ќе се пресели во Форс Индија.

    Квалификациите во сабота, како и трката во недела се возат од 13:00 часот.