Хамилтон оптимист пред ГН на Бразил


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Само 2 трки останаа до крајот на шампионатот во Ф1.

    Голема борба за титулата се води помеѓу возачите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон. Германецот има 349 бодови и е лидер во шампионатот, а Хамилтон има 19 бодови помалку од него.

    Утре не очекува трката во Бразил, по која ќе се знаат многу работи. Претходно возачите ги очекуваат квалификации, кои се возат денес од 17 часот.

    „Ќе биде подобро. Претходните години се мачев со задните делови на болидот, но овој викенд немам проблеми. Се надевам дека ќе остане така, но се подготвувам и за долгиот викенд во моментов.“