ГН Бразил: Хамилтон до пол позиција на „Интерлагос“!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на претпоследната трка во Формула 1. Актуелниот шампион стигна до местото со време од 1:10.736.

    За Хамилтон оваа пол позиција во Сао Паоло е 10-та во оваа сезона, а ја освои со десетинка предност пред Нико Розберг. Германецот во текот на цели квалификации го предизвикуваше Хамилтон, но тој успеа да се одбрани од нападите.

    Пред трката, Розберг има 19 бодови повеќе од Хамилтон во генералниот пласман. Германецот има шанса на оваа трка да ја освои првата титула, а тоа ќе го направи ако освои 6 бодови повеќе од Хамилтон.

    И додека возачите на Мерцедес беа класа само за себе, зад нив беше водена голема борба, а подобар од останатите беше Раиконен во Ферари. 4-то место беше Ферстапен, а го следеа Фетел, Рикардо и Грожан.