Мурињо во нови проблеми, се повреди и играч за врска


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    После што е обелоденето дека Крис Смолинг ќе отсуствува од теренит подолг временски период, Мурињо дозна дека нема да смета на уште еден играч за мечот со Арсенал.

    Наредниот викенд се на програмата мечевите во Премиер лигата, а секако дека дерби се игра меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

    Двата тренери се во проблеми поради повреди, Венгер нејверојатно нема да може да смета на Белерин, а Санчез е под знак прашање. Од друга страна, и Мурињо има големи проблеми.

    Покрај тоа што се повреди Крис Смолинг кој нема да игра до средината на декември, сега се повреди и Маруан Фелаини.

    Да потсетиме, веќе е повреден и Ерик Бејли, што на Мурињо дополнително му зададе главоболка.

    Фелаини е со селекцијата на Белгија, но е отстранет од тимот поради повреда и најверојатно нема да игра, како за репрезентацијата, така и за Манчестер Јунајтед против Арсенал.