Карачиќ: Бевме подготвени како да играме финале


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Ако во првото полувреме Игор Карачиќ не беше во преден план, во второт ја „разби” противничката одбрана на Кјелце и постигна осум од вкупно деветте гола на средбата. Вардар победи со 40-34, а Карачиќ заедно со Душебаев, Дибиров и Штербик отскокнуваа за нијанса на средбата. Вардарци одиграа тимски, а индивидуалните квалитети дојдоа до израз, и кога требаше да се одигра одбрана, и да се украде топка, и да се шутне од безизлезна ситуација.

    Втора сезона по ред Вардар го испраќа дома Кјелце со пораз, а ние го запоседнавме врвот на табелата во Б групата од лигата на шампионите со 10 бода.
    На прес конференцијата гостинскиот тренер Талант Душебаев не беше многу расположен за коментари, а после Скопје ги чека уште едно незгодно гостување кај ППД Загреб во вараждин веќе во среда.

     

    Раул Гонзалез – тренер на Вардар

    За нас ова беше многу важен натпревар против европскиот шампион. Сакам да им честитам на Кјелце и на тренерот Душебаев за она што го напаравија минатата сеозна. Игравме против европските шампиони со голема мотивација. Што се однесува до натпреварот, во првиот дел не бевме најдобри, Кјелце играше добро во нападот, а беше тешко да се сопрат Агинагалде и Бомбач. Во вториот дел игравме многу подобро, Арпад Штебрик имаше неколку добри одбрани, реализиравме неколку контри и беше многу подобро. Карачиќ, Душебаев и Дибиров одиграа многу добар меч. Им честитам на моите играчи за добро одиграната средба.”

    Игор Карачиќ – играч на Вардар

    „Одигравме добар натпревар со многу голови. Контрата, полуконтрата, одличниот Штербик и нашата одбрана ја направија разликата на теренот. Знаевме каков меч не чека, дека ќе биде натпревар на нож. Нашиот тренер не подготви на тоа дека овој дуел за нас ќе биде како финале. Влеговме подготвени и среќен сум и горд на оваа победа на Вардар. Се надевам дека и во наредните мечеви ќе продолжиме во овој ритам.”

    Талант Душебаев – тренер на Кјелце

     

    Честитки за Вардар. Нашата одбрана не беше најдобра, но се надевам дека ќе бидеме многу подобри на следниот меч против Загреб.”

    Мануел Штрлек – играч на Кјелце

    „Честитки за Вардар денеска одиграа навистина добар меч. Добро се држевме до 40 минута, Штербик ја направи клучната разлика на теренот, одбрани неколку чисти зицери и Вардар успеа да се одлепи. Мора да се концентрираме сега на следниот меч со Загреб. Не треба да не разочара овој пораз”.