„Мареј долго ќе остане светски број еден“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Тенисерот од Канада, Милош Раониќ даде интервју за новинарите пред турнирот во Лондон.

    Денес започнува последниот Мастерс на кој ќе настапуваат 8-те најдобри во 2016-та година, а тоа ќе биде прв пат на него да не играат ниту Федерер, ниту Надал.

    Како број еден, по прв пат во историјата, Мастерсот го дочекува Мареј кој во Париз го симна Ѓоковиќ од тронот.

    „Мареј направи некои фантастични работи, особено по турнејата во САД во март. Многу е поцврст и подобар, мислам дека тоа е главната разлика. Поради тоа доби важни натпревари.“

    На прашањето дали Мареј може долго да остане на врвот, Раониќ одговори:

    „Верувам дека може, освен финалето во Мелбурн, нема многу поени да брани во првите неколку месеци наредните години.“

    Потоа, Раониќ се посвети на својата кариера:

    „Сега е малку поинаку, во некои делови од сезоната бев одличен и на тоа сум горд, иако имаше и тешки моменти. Понекогаш би наоѓал добра форма, но се мачам со повреди.“

    „Пред две години се падна на еден натпревар, профитирав и од тоа што Надал не играше, а сега навистина го заслужив моето место.“

    Раониќ игра во групата „Иван Лендл“ со Монфис, Ѓоковиќ и Тим.