Ливерпул ќе ја ограбува Бундеслигата: Мурињо сака да го „уништи“ Мадрид!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Руни си заминува, Смолинг и Шо исто така можат да си заминат, а Михтаријан се враќа назад во Борусија додека Кутињо останува во Ливерпул.

    Репрезентацијата брзо паѓа во втор план, англиските медиуми ова утро е полна со вести за фудбалски „грабежи“.

    Според медиумите Мурињо решил да се откаже од Вејн Руни на крајот на сезоната. Исто така Џејмс Родригез би требало да биде една од ѕвездите во преодниот период на Островот. Зидан решил да го продаде наредното лето, а Манчестер Јунајтед и Челси се кандидати за него. Споменатите 2 тимови се и меѓу заинтересираните за шведскиот стопер Виктор Линделеф од Бенфика. Се наведува дека Арсенал нема да успее да го донесе Рикардо Родригез кој ќе се пресели во Милан или Наполи. Најинтересна вест можеби е таа деа Ливерпул тргнува по Махмуд Дауда, суперталентираниот играч кој не сака да потпише договор со Менхенгладбах.

    Арсенал наводно ја изгуби трката за „новиот Озил“. Станува збор за 16-годишниот Петер Гваргис од Шведска кој го сакаше Венгер, но најверојатно него ќе го донесе Фејенорд. Исто така Јунајтед нуди 10 милиони евра за Брума од Галатасарај.

    Но тоа не е се, во продолжение следат уште некои „бомби“ кои би можеле да се случат.

    Арсенал е во паника поради новите договори на Санчез и Озил кои сеуште не се согласија на условите кои им беа понудени. Венгер губи трпение и сака да ги слушне одговорите што е можно поскоро. Една од ударните вести е таа дека Мурињо планира да го „уништи“ Атлетико бидејќи ги сака Гризман, Фереира и Хименез. А за тоа на Мурињо ќе му бидат потребни 200 милиони евра. Не звучи реално, но таква вест пренесоа медиумите од Англија.

    Јирген Клоп е заинтересиран за Џонатан од Леверкузен, а се најавува и јануарска борба на Сандерленд и Свонси за напаѓач на Лестер. А исто така и заминување на Смолинг во Арсенал и Лук Шо во Ливерпул доколку Мурињо ги оптише во јануари по конфликтот.