Вардарки и Дејвис мелат во ЛШ – Ференцварош среде Унгарија декласиран


    Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


    Ракометарките на Вардар славеа со 24:37 во Унгарија во натпревар од петото коло од  групата во ЛШ против Ференцварош.

    Вардарки први стигнаа до поголемо водство, 1:3. Гостите на денешниот натпревар направија една голема серија од четири погодоци за водство од пет погодоци, 3:8. Следуваше серија од шест погодоци на Вардарки за големо водство од десет погодоци, 4:14. На полувреме ракометарките на Вардар заминаа со водство од девет погодоци, 12:21. Во второто полувреме Вардарки повторно доминираа на паркетот. Последните десет минути од натпреварот Вардарки стигнаа до најголемото водство на натпреварот со серија од пет погодоци, 21:34. Огромна победа и нови три бода за лидер во групата, 24:37.

    Андреа Лекиќ со 7 погодоци беше најефикасна во тимот на Вардар. Тамара Мавсар и Јованка Радичевиќ постигнаа по шест погодоци. Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер го завршија натпреварот со по четири погодоци. Снелдер, Пења и Јовановиќ беа најефикасни во Ференцварош со по 4 погодоци.

    Вардарки во последното коло од групата ќе игра на гости во Германија против Лајпциг. Ференцварош исто така е гостин, но во Русија против Астраханочка.