ГН Бразил: Хамилтон успеа да победи по прв пат во кариерата на „Интерлагос“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон успеа да победи на претпоследната трка во Ф1.

    Бранителот на титулата по прв пат во кариерата стигна до победата на оваа патека во многу хаотична трка при катастрофално тешки временски услови, во кои возачите повеќе беа зад безбедносното возило отколку што се тркаа.

    Хамилтон во Сао Паоло стигна до 52-та победа во кариерата, пред својот колега Розберг, па пред големото финале во Абу Даби ја намали разликата на 12 бодови.

    ГН на Бразил не даде многу акција, бидејќи беа видени само 25 кругови вистинско тркање во 71.

    До првиот прекин дојде во 21-от круг, кога Раиконен се удри во оградата и се одби на другата страна. Половина час имаше пауза, трката повторно започна, но тој дел траеше само 7 кругови пред нов прекин поради услови на патеката, а 3-от прекин го предизвика откажувањето на Фелипе Маса во 48-от круг.

    Во текот на трката беа видени уште неколку инциденти.

    Хамилтон од стартот до целта беше во водство додека Розберг во еден момент остана без второто место бидејќи во 32-от круг успеа да го премине Ферстапен. Меѓутоа, тој мораше да ја препушти втората позиција кога тимот го повика во бокс 10 кругови подоцна. Ферстапен во самиот финиш возеше одлично и се проби до 3-то место.

    Перез мораше да се задоволи со 5-то место, пред Фетел, Саинц и Хилкенберг. Меѓу освојувачите на бодови се најдоа и Рикардо, Наср и Алонсо. Бодовите кои ги освои наср се многу важни, бидејќи тоа беа првите за Заубер оваа сезона.

    Наредната трка се вози за ГН на Абу Даби на 27 ноември.