Клоп го брани Руни – Сите легенди пиеа како ѓаволи


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Јирген Клоп застана во одбрана на Вејн Руни кој медиумите го тужеа за пијанење.

    Во медиумите имаше фотографии на кои јасно се гледаше дека Вејн Руни на едно венчавање конзумираше алкохол.

    „Фудбалерите се под микроскоп и често се се сведува на тоа да се најдете во лошо време и лошо место. Не знам каде беше Руни, но сум сигурен дека тоа не е ништо страшно и за неколку дена никој нема да се сети на тоа. Денешната генерација на фудбалери и тоа не само во Англија се најголемите професионалци во историјата на фудбалот“, изјави Клоп.

    „Сите легенди кои ги сакаме пиеа како ѓаволи и пушеа како луди, но беа одлични фудбалери“, заклучи Клоп.