Гери Невил го избра идеалниот тим на Арсенал


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Во предвид беа само фудбалери против кои играше во текот на кариерата во Манчестер Јунајтед.

    Поранешниот десен бек на Јунајтед и најверојатно најлошиот тренер во историјата на Валенсија, Гери Невил за Скај Спортс го состави најдобриот тим на Арсенал составен од фудбалери против кои играше.

    Секој има право на свое мислење, но впечатокот е дека Невил водеше патриотска линија бидејќи целата последна линија е составена од англичани, а тука е и еден од најголемите киксери на голот, Дејвид Симан. Во тимот не го стави најверојатно најдобриот бек во историјата на англискиот фудбал, Ешли Кол. Средината на теренот и нападот имаат француско-холандски шмек.

    Симан – Диксон – Адамс – Кеовн – Винтербурн – Пирес – Виера – Петит – Овермарс – Енри – Беркамп