Отидов во Шпанија да играм против мојот идол Кристијано Роналдо


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    „Тоа беше една од причините поради која потпишав за Виљареал“, изјави Сансоне.

    Фудбалерот на Виљареал, Никола Сансоне откри во разговор за Кориере Дело Спорт дека една од причините што отишол во Шпанија била Кристијано Роналдо кој го смета за свој идол. Добро се вклопи и постигна пет погодоци на единаесет натпревари.

    „Една од причините поради која одлучив да одам во Шпанија беше да играм против својот идол Кристијано Роналдо. Кога се поздравив со него се смеев како дете. Го прашав за дресот, но беше малку изнервиран поради нерешениот резултат. Ми рече дека ќе ми го даде следниот пат“, изјави Сансоне.

    „Целта е да бидеме помеѓу првите четири во Ла Лига“, заклучи Сансоне.