Без Меси и Суарез Барса не е Барса – Карлос Камени го одбрани невозможното во последите минути и му донесе бод на Малага


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Барселона ремизираа против Малага во дванаесетото коло од Ла Лига, 0:0.

    После дванаесет минути игра дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике имаше голема шанса да му донесе водство на каталоните, но Карлос Камени фантастично одбрани. Следуваше нова закана на каталонците преку Денис Суарез, но и тој не успеа да го совлада Камени. На полувреме се замина со почетните 0:0. Пред дваесет минути до крајот на натпреварот Малага остана со фудбалер помалку на теренот. Директни црвен картон доби Диего Љоренте. Камерунскиот голман на голот на Малага во 94-та минута го одбрани невозможното по шутот на Нејмар и му донесе бод на својот тим, 0:0. Малага овој натпревар го заврши со уште еден фудбалер помалку, а црвен картон доби Карлос.

    Каталонците на денешниот натпревар беа без Луис Суарез кој поради пет жолти картони беше суспендиран, а Лионел Меси поради настинка не настапи на овој натпревар.

    Во следното коло Барселона игра против Реал Сосиедад во Баскија, а Малага ќе го пречека Депортиво.