ПСЖ реди победи – Ди Марија и Хесе му пресудија на Нант


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Фудбалерите на ПСЖ славеа на Паркот на Принцовите со 2:0 против Нант во натпревар од тринаесетото коло од Лига 1.

    По еден погодок видовме во двете полувремиња. Ди Марија после тринаесет минути игра ја затресе мрежата на Нант. Во последните минути од натпреварот беше досуден пенал за домашниот клуб, а Хесе кој влезе во игра во второто полувреме по втор пат ја затресе мрежата на гостите за конечни 2:0.

    ПСЖ после денешната победа има исто бодови лидерот Монако и Ница(еден натпревар помалку).

    Во следното коло ПСЖ ќе му гостува на Лион, а Нант ќе игра на домашен терен против против Лил.