Три црвени картони, шест погодоци и испуштена предност – Јаховиќ стрелаше во ремито на Гезтепе


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Гезтепе ремизираа против Бандимаспор во единаесетото коло од турската втора лига, 3:3.

    Адис Јаховиќ му донесе водство на својот тим во 38-ма минута. Три минути подоцна Најир го зголеми водството на домашните. Минута пред крајот на полувреме Килинч го намали водството на Гезтепе. Најир со својот втор погодок на натпреварот ја врати предноста на домашниот клуб во второто полувреме. Каракуш и Чичек постигнаа два погодоци за бод на гостите, 3:3. Акбунар и Угурлу добија директни црвени картони за Гезтепе, а за Бандимаспор, Каракаш доби црвен картон.

    Македонскиот фудбалер, Јаховиќ го постигна седмиот погодок во турското првенство оваа сезона.