Во авионот кој се сруши во Колумбија беше и поранешен бразилски репрезентативец


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Во авионот кој се сруши во Колумбија, каде што беше целата бразилска екипа на Чапекоенсе, се наоѓаше о некогашниот фудбсалер Марио Серхио.

    После завршувањето на фудбалската, а потоа и на тренерската кариера Серхио почна да работи како коментатор на „Фокс Спортс“. Во улога на коментатор и патуваше во Медељин каде што Чапекоенсе  требаше да игра против Атлетико Национал во финалето на Копа Судамерикана.

    Марио Серхио беше бразилски репрезентативец. За Бразил „Гениј“ како што го нарекуваа, дебитираше во 1981 година и одигра вкупно осум натпревари.

    Играше за големи клубови како Флуминенсе, Ботафого, Интернационал, Сао Паоло, Гремио и Палмеирас, а на крајот на 80-те стигна во Европа и играше за швајцарскиот клуб Бељинон.

    Во тренерската кариера ги водеше речиси сите големи бразилски клубови.

    Засега нема информации дека се наоѓа меѓу преживеаните во падот на авионот кај Медељин.