Потресно – писмо на Луиз кон фудбалер на Чапекоенсе


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Давид Луиз  добро се познаваше со еден фудбалер на Чапекоенсе кој почина во падот на авионот

    Сите ги погоди оваа несреќа на фудбалерите на Чапекоенсе, па и играчот на Челси, Давид Луиз.

    Луиз на својот инстаграм профил сподели фотографија од соиграч од Виторија додека беа во младите категории, Артуро Маја, кој почина во својата 24 година.

    „Знам дека еден ден имав можност да те запознам и да те имам како помал брат. После тоа го загубивме контактор, секој тргна по својот пат, а денеска се разбудив и дознав дека повеќе не си меѓу нас.

    Овие вести ги скршија срцата ширум светот. Не можам да верувам! Нека Бог се смилува на  твојата фамилија, пријателите и сите фамилии на починатите!

    Ќе ја чувам оваа слика и дете што мечтае, која што јас и досега ја имав.

    Нека Бот те благослови, се молам за сите вас!

    Почивај во мир, Артур Маја!