Го заборавил пасошот, не влегол во авионот…


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    После што тројца фудбалери кои мораа да останат во Бразил поради суспензија и кои не се качија во авионот, уште еден човек имаше доста среќа…

    Кајо Жуниор е тренер во Чапекоенсе, тој е само еден од починатите денеска после падот во авионот на Колумбија.

    Неговата изјава после последниот меч на Чапекоенсе веќе го обиколи светот, нешто што долго, долго ќе се памети.

    Остави позади себе два сина, а еден од нив е и Матеус Сорали, 21-годишен.

    Тој требаше да се качи на авион, но не се качи, бидејќи го заборавил пасошот. Тој подоцна се огласи по пат на фејсбук.

    „Пријатели, јас и мојот брат сме добро, сакаме малку приватност, посебно мојата мајка и јас. Благодарам на сите што испративме порака, јас денеска бев во Сао Паоло и не се качив бидејќи го заборавив пасошот.

    Силни сме и ќе помине и ова“, напиша ова момче.