Инфантино: Тажен ден за фудбалот


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се огласи по ужасниот настан што се случи денеска во Колумбија.

    Авионот со фудбалерите на Чапекоенсе утрово се урна, а животото го загубија 76 лица. Низ целиот свет владее тага поради смртта на бразилските фудбалери, членовите на тренерскиот персонал, новинари…

    „Денеска е многу, многу тажен ден за фудбалот. Жал ми е поради авионсата несреќа во Колумбија, тоа е шокантна и трагична вест. Во ова тешко време нашите мисли се со настраданите, нивните семејства и пријателите“, изјави Инфантино.

    Чапекоенсе требаше да игра во финалето на Копа Либертадорес против Атлетико Национал. Финалето е откажано, а од колумбискиот Атлетико сакаат трофејот да го доделат на бразилскиот тим.