Голманот кој не замина на пат не излегува од соблекувалната


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Јужноамеричкиот фудбал денес доживеа голем удар бидејќи во Колумбија се руши авионот во кој беа фудбалерите на Чапекоенсе.

    Во оваа несреќа загинаа 76 луѓе, а само пет преживеаа. Голема среќа имаше третиот голман на овој тим Марсело Бек кој вчера го прославуваше 32-риот роденден. Поради тоа доби дозвола од клубот да остане во градот и да го прослави роденденот со фамилијата.

    Бек денес изјави дека не може да верува дека сето тоа се случи т.е дека ги изгуби своите големи пријатели. Тој беше првиот кој замина во соблекувалната на Чапекоенсе кој до вчера ја делеше со загинатите соиграчи.

    Соблекувалната на овој тим стана место каде се оддава почит, а три фудбалери стоеа на излезот. Трагедијата сигурно засекогаш ќе го промени овој мал бразилски клуб.