Помош за Чапекоенсе – Светот после ова на ПСЖ ќе гледа со други очи!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Вестите поврзани за трагедијата која се случи во Колумбија продолжуваат да се нижат како на лента, а една која ни стигна од Париз ни носи со себе посебна тежина.

    Трагедија со незамисливи размери се случи рано утрово во близината на колумбискиот град Медељин каде што авион со фудбалерите на Чаепоенсе се сруши и во смрт однесе 77 човечки животи.

    Само четворица патници кои се најдоа на летот 2933 ја преживеееја во оваа ужасна несреќа, а фудбалскиот свет денеска ги оплакува и жали за момците кои тргнаа на финалниот натпревар на Копа Судамерикана.

    Во текот на попладневите часови се појави и информација дека фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ќе направи парична донација за Чапекоенсе во износ од 40 милиони евра за што наводно е известена и ФИФА.

    Официјална потврда за оваа иформација сеуште нема, на официјалниот сајт на Пари Сен Жермен е поставена вест во која се изразува најдлабоко сочуство на фамилиите и пријателите на настраданите, а покрај тоа  денешниот тренинг „Светците“ го почнаа со минута молчење.

    Јасно е дека човечките животи не можат да бидат вратени и дека се друго е неважно, но се мора да се оддаде признание на луѓето кои во овој момент во тешката ситуција да им се помогне.