Претседателот на КОНМЕБОЛ одговори на предлогот на Атлетико


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Претседателотна КОНМЕБОЛ, врвот на фудбалската организација во Јужна Америка, зборуваше за идејата за трофејот Копа Судамерикано да се додели на Чапекоенсе.

    Алехандро Домингез со делегација на Чапекоесе стигна во Рионегро, место во близина на Медељен, каде што се случи трагедијата, и зборуваше со новинарите за можното прогласување на трагедијата.

    Имено, Чапекоенсе требаше да се сретне во финалето на Копа Судамерикана со Атлетико, но после големата трагедија финалето нема да се игра, а од колумбискиот клуб побараа трофеј за Бразилците.

    „Предлогот на Атлетико е за секоја пофалба, но не е време да се донесе одлука. Сепак, верувам дека набрзо ќе ги објавиме резултатите“, рече Домингез.

    Засега се големи шансите за трофејот да се додели на Чапекоенсе, кој ќе игра во Копа Либертаторес во наредната година, а да потсетиме дека светските клубови се спремни на сите начини да помогнат на несреќната екипа.