Дадена чест за загинатите: „Вембли“ засвете во боите на Чапекоенсе


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалскиот свет беше потресен од трагичната авионска несреќа која се случи во Колумбија.

    Во таа несреќа загинаа 76 лица додека само 5 преживеаа. Во авионот поголем дел беа фудбалери на Чапекоенсе кои патуваа на финалниот натпревар на Купот на Судамерика во Колумбија.

    Оваа трагедија ја вознемири јавноста, а многу познати личности им одадоа чест  на жртвите.

    Англичаните го направија тоа на посебен начин, така што ги запалија зелените светла на „Вембли“ во нивна чест.