Во Бразил 3 дена жалост по трагедијата на Чапекоенсе


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Падот на авионот кој ја возеше екипата на Чапекоенсе во близина на Меделин предизвика шок во Бразил, но и во целиот свет.

    Бразилскиот претседател Темер прогласи 3 дена жалост поради несреќата во која скоро загина цела екипа која требаше утре да учествува во финалето на Копа Судамерика.

    Неслужбените информации велат дека еден од 3-те преживеани фудбалери, голманот Данило, во меѓувреме починал во болница.

    По вестите за трагедијата, навивачите почнаа да се собираат пред просториите на клубот. Осум фудбалери не се качија во авионот, како и претседателот на клубот Плинио Давид Де нес Фило, кој во последен момент ги сменил плановите. Тој разговараше со новинарите и низ солзи кажа:

    „На тој лет ми беа долгогодишни пријатели. Не беше тоа само професионален тим, тоа беше семејство, пријатели. Сите се смеевме и во поразите, имавме одлична атмосфера, големо уживање во заедништвото. Кога вчера наутро станав да ги поздравам пред патувањето, ми рекоа дека одат да ги остварат нашите соништата. Денес тој сон исчезна.“

    Реагираат и голем број клубови. Реал Мадрид на тренингот одржа минута молк, а клубови од целиот свет испратија пораки со поддршка.