Емотивно простување на Чапекоенсе од „вечните шампиони“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Цел свет со тага ги проследи вестите од Колумбија, каде во авионската несреќа во близина на Меделин загина скоро цел тим на Чапекоенсе.

    На официјалната фејсбук страница на овој клуб се појави и видео, кое на емотивен начин се прости од своите херои.

    „Денес се разбудивме со нов предизвик. Бидејќи животот не научи на поинаква лекција. Нашите војници станаа херои. Нивните животи станаа вечни. Во борба поради која светот застана. Денес, нашиот натпревар нема последен свиреж. Заедно сме повеќе од 11-на. О, славни Зелени кои растете. Меѓу државите секогаш сте одлични. Во среќни времиња, во ташки времиња.“

    „Мој Урагану, ти си секогаш победник.“

    Чапекоенсе беше на пат кон Колумбија каде требаше да се игра првиот натпревар од финалето во Копа Судамерика против Атлетико Насионал, но авионот се сруши од непознати причини.

    Помеѓу преживеаните фудбалери се Алан Рушел, Џексон Фолман и Зампиер Нето.

    Видеото може да го видите тука.