Кој би рекол дека овие фудбалери играле на „Ел Класико“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој викенд се игра „Ел Класико“.

Двобојот помеѓу Реал Мадрид и Барселона секогаш привлекува големо медиумско влијание.

Кога некој ќе го спомне овој дуел, многумина веднаш помислуваат на Кристијано Роналдо, Лео Меси, Раул, Фиго или Роналдињо, но што е со заборавените играчи на овие клубови.

Во продолжение ќе дознаете неколку фудбалери кои имаат играно на „Ел Класико“, а големиот дел од навивачите ги имаат заборавено.

  1. Ројстон Дренте

Иако има само 29 години, Дренте скоро сите го заборавија. Тој како тинејџер доби шанса да игра за Реал Мадрид, но не играше премногу. Многумина заборавија дека тој во минатото играше на левата страна во тимот на Реал во „Ел Класико“ против Барселона.

  1. Хуан Пабло Сорин

Сорин многумина го паметат по одличните игри за Виљареал и подоцна ХСВ, но ретко кој се сеќава дали тој играше за Барселона. Интересно е тоа што тој одигра само 15 натпревари за Барселона, но дека во 2013-та година го завзема местото во тимот кога Барселона играше против Реал.

  1. Габриел Хајнце

Ова лице на многумина им е познато од тоа што го гледале во дресот на Манчестер Јунајтед, но Аргентинецот има играно и за Реал Мадрид и тоа 2 години. Секако, во тој период имаше шанса да учествува во „Ел Класико“.

  1. Хамит Алтинтоп

Многумина се изненадија кога Хамит во 2011 година од Баерн Минхен се пресели во Реал Мадрид.

Многу брзо стана јасно дека тој нема да игра многу за тимот, но сепак во сезоната 2011/12 тој успеа да игра во „Ел Класико“.

  1. Пепе Реина

Одличниот шпански голман кариерата ја започна во Барселона, но никогаш не успеа да се избори за место во првиот тим.

Реина помеѓу 2000 и 2002 година одигра 30 натпревари за Барселона во Примера и баш тогаш настапи во „Ел Класико“.