Маестро Лазаров јунак на Барселона – ПСЖ торпедиран од најдобриот македонски ракометар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона славеа со 35:32 на домашен паркет против ПСЖ во натпревар од деветтото коло од ЛШ: Каталонските ракометари на почетокот на натпреварот имаа водство од 4:2.

Со серија од три погодоци гостите од Париз стигнаа до водство од 6:9. Ракометарите на Барселона во финишот на првото полувреме го израмнија резултатот, 14:14.

Во второто полувреме Барселона го скрши отпорот на ракометарите на ПСЖ и од кога имаа водство од 29:26 гостите не успеаа да се вратат во натпреварот.

Барселона на крајот запиша нова победа во ЛШ, 35:32. Македонскиот ракометар, Кирил Лазаров ја предводеше Барселона до победа на овој натпревар со 9 погодоци.

Ривера го заврши натпреварот како втор стрелец на каталонците со 5 погодоци. Микел Хансен кај гостите беше најефикасен со 7 погодоци.