Сити ја завршува работата со 19-годишник, цена 10 милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите млади фудбалери во Јужна Америка е на чекор од потпишување на договор со Манчестер Сити.

Манчестер Сити почна да размислува и за својата иднина.

Се работи за Марлос Морено кој е Колумбиец, игра за Атлетико Национал, има 19 години и цената му е 10 милиони евра.

Манчестер Јунајтед и Бенфика му се најголеми ривали на граѓаните за овој млад фудбалер, но се верува дека Манчестер Сити е во пол позиција.

Се договорила и позајмица, Морено најверојатно ќе се пресели во Шпанија за да добие работна дозвола.

Играше и на Копа Америка каде постигна 1 погодок и тоа против Костарика во групната фаза.