Маестралната Ѓорческа со напредок на ВТА листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Благодарение на победата во Валенсија во конкуренција на двојки, Ѓорческа напредуваше на ВТА листата.

Таа имаше напредок од 7 позиции и во моментов се наоѓа на 129-то место со 539 поени.

Ѓорческа не мируваше и во поединечна конкуренција, па сега се наоѓа на 204-то место со 266 поени.

До крајот на годината, Ѓорческа треба да настапи на два турнири. Првиот е во Дубаи кој започнува на 10-ти декември за награден фонд од 100.000 долари, а вториот ќе се игра во Анкара за награден фонд од 50.000 долари и истиот започнува на 19-ти декември.

Се очекува добар настап од неа на тие турнири и завршување на годината на уште подобро место на ВТА листата.