Франција по цела деценија се враќа во Ф1


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ГН на Франција се враќа во календарот од 2018-та година. Домаќин на трката по десет години пауза ќе биде патеката „Пол Рикар“.

Последен пат на таа патека во Ф1 се возеше во 1990 година, а потоа се смени домаќинот. Трката беше избришана од календарот во 2008 година поради финансиски проблеми.

Трката за ГН на Франција е најстара во календарот, бидејќи прв пат беше оддржана во 1906 година.

Ова е втора европска трка која се враќа во календарот во последните неколку години, по ГН на Австрија која ја спонзорира Ред Бул.

Останатите европски патеки се мачат да ги исполнат големите барања, па поради тоа Германија испадна од календарот за 2017-та година, иако се очекува враќање наредната година, а минатата недела беше неизвесна иднината и на ГН Италија во Монца.