Списокот на Шпанците за ОИ – По тука, Марк тука, Миротиќ тука! Ибака бараше да не го бараат! Осум мора да отпаднат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Серџо Скариоло соопшти на кој смета пред почетокот на припремите за Рио.

Сите се тука. И браќата Гасол. Иако нема потврда дека браќата По и Марк ќе патуваат за Бразил.

На почетната листа се наоѓаат 20 имиња, меѓу нив петмина од НБА, потоа првите ѕвезди на Реал Мадрид и Барселона.

На списокот го нема Серж Ибака бидејќи по правилата на ФИБА не смее има повеќе од 1 странец, а тоа место го пополни Никола Миротиќ.

„Тројца кошаркари од различни причини побараа да не бидат повикани. Тоа се Чави Рабаседа, Серж Ибака и Хуанхо Хернангомез. Што се однесува до Марк Гасол тој и понатаму се лекува“, изјави Скариоло.

На списокот на репрезентацијата на Шпанија се наоѓаат: Серхио Родригез (Реал Мадрид), Рики Рубио (Минесота), Хосе Мануел Калдерон (Њујорк), Гиљем Вивес (Валенсија), Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Хуан Карлос Наваро (Барселона), По Рибас (Барселона), Руди Фернандез (Реал Мадрид), Алекс Абринес (Барселона), Алберто Абалде (Хувентуд), Фернандо Сан Еметерио (Валенсија), Дани Диез (Уникаха), Фелипе Рејес (Реал Мадрид), Никола Миротиќ (Чикаго), Виктор Клавер (Кубан), Вили Хернангомез (Реал Мадрид), По Гасол (Чикаго), Илмане Дио (Басконија), Пабло Агиљар (Гран Канарија), Марк Гасол (Мемфис).

На ОЛ Шпанија ќе игра во група Б против Аргентина, Бразил, Литванија, Нигерија и победникот на квалификацискиот турнир.