Проекции – Замислете ваков луд ждреб во осмина  финалето на ЛШ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После вечерашните мечеви, работите се многу појасни, вака може да изгледа ждребот за наредната фаза од Лигата на шампионите.

Вечерва е завршено натпреварувањето во групите А, Б, Ц и Д, а во пресрет на ова коло единствено неизвесно беше во една група.

Во групата А, ПСЖ ги шокира своите навивачи со нерешениот резултат од Лудогорец и го загуби првото место, додека Арсенал групата ја заврши на првата позиција.

Во групата Б беше неизвесно поради тоа што во пресрет на ова коло Бенфика и Наполи беа по осум бода играа меѓусебно, а Бешикташ со еден помалку мораше да победи, но загуби во Киев со 6:0, па ќе мораат да се задоволат со Лига Европа.

Во групата Ц и Д се беше порано познато, Барселона и Атлетико Мадрид беа први и пред ова коло, додека Манчестер Сити и Баерн Минхен беа сигурни на втората позиција.

Во групите А, Б, Ц и Д, првопласирани тимови се – Арсенал, Наполи, Барселона и Атлетико Мадрид, а како второпласирани одат – ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Што се однесува до мечевите во среда, преостанаа уште само три дилеми и тоа е дали Борусија или Реал Мадрид ќе бидат први во групата Ф, како и кој ќе оди понатака во групите Г и Х.

Реал е моментално втор на табелата и во случај да не го победат Дортмунд, ќе останат на таа позиција, што значи дека ќе можат да одат на некојод лидерите во групата, освен на Барселона и Атлетико Мадрид поради што се од иста земја.

Во групата Г, Лестер е лидер со 13 бодови, а за второто место ќе се борат Порто и Копенхаген.

Порто има осум бодови и го чека Лестер, додека Копенхаген гостува кај Клуб Бриж со два бода помалку.

Во групата Х, Јувентус е прв, Севиља втора, но доколку шпанскиот тим загуби од Лион во гости, Французите како втори ќе одат понатака.

Доколку СЕ остане како што се сега работите, ждребот може да биде пеколен во наредната рунда.

Ова е една од можната луда проекција на ждребот, кој е на програмата на 12 декември во 12 часот:

Реал Мадрид – Јувентус

Манчестер Сити – Атлетико Мадрид

Баерн Минхен – Барселона

ПСЖ – Борусија Дортмунд

Севиља – Арсенал

Порто – Монако

Баер Леверкузен – Наполи

Бенфика – Лестер