Бразил и Колумбија играат за семејството на жртвите на авионската несреќа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Бразил и Колумбија ќе одиграат на крајот на јануари во пријателски натпревар, а приходот од тој натпревар ќе оди како помош за семејствата на жртвите во авионската несреќа.

Портпаролот на ФС на Бразил изјави дека местото ан одигрување на тој натпревар ќе го одреди Чапекоенсе додека од тој клуб наведоа дека натпреварот може да се одигра или на „Маракана“ или на стадионот на Чапекоенсе кој има капацитет од 22.000 места.

Авионот со членовите на бразилскиот тим Чапекоенсе, кој патуваше на натпреварот во финалето на Купот на Судамерикана против Атлетико Насионал, се сруши минатата недела во Колумбија.

Несреќата одзема 77 човечки животи.