Барса се засилува од Манчестер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Барселона е многу блиску до доведување на фудбалерот на Манчестер Јунајтед Матеo Дармијан, тврдат англиските медиуми.

Наводно, каталонскиот гигант ги договори сите услови со десниот бек, а Црвените ѓаволи се спремни да понудат 16 милиони фунти за услугите на овој фудбалер.

Дармијан на Ноу Камп треба да го замени Дани Алвеш, кој стана член на торинскиот клуб, а наскоро овој трансфер треба да биде и потврден.

Овој 26-годишен репрезентативец на Италија во редовите на екипата на Олд Трафорд стигна во летото од минатата година од Торино.

Платен е 18 милиони евра, а вкупно во минатата сезона одигра 39 натпревари за Јунајтед.

Во кариерата покрај Јунајтед и Торино играше за Палермо, Милан и Падова.