„Го почитуваме Динамо, мечот е важен за подигнување на формата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус Патрис Евра рече вчера дека неговата екипа го почитува Динамо од Загреб, но додаде дека во претстојниот меч од ЛШ ќе одат на победа и покрај тоа што Старата дама веќе обезбеди пласман во осмина финалето.

„Сите натпревари од ЛШ мораат да се играат со најголем респект кон противникот бидејќи ова е навистина важно натпреварување. И покрај тоа што го осигуравме пласманот во идната фаза клучно е правилно да пристапиме на овој натпревар“, рече Евра.

Фудбалерите на Јувентус денеска го дочекуваат Динамо во шестото коло од групата Х од Лигата на шампионите.

„Против Динамо мораме да играме како против Аталанта во последното првенствено коло и да победиме пред своите навивачи“, рече тој.

„Секогаш зборував дека ако погрешно го почнеш натпреварот во ЛШ ризикуваш и можеш да бидеш казнет. Во такви натпревари одлучуваат детали, бидејќи натпреварите се отворени“, рече Евра кој во Јувентус е од лето 2014 година кога стигна од Манчестер Јунајтед.

Во пресрет на последното коло од натпреварувањето по групи Јувентус има 11 бодови, Севиља 10, Лион седум, додека Динамо без ниту еден бод.

Јувентус во претпоследното првенствено коло загуби со 3:1 од Џенова, но во саботата славеше против Аталанта со 3:1.

„После тој пораз ние играчите разговаравме меѓусебно, како што секогаш тоа го работите кога работите се лоши. Свесни сме дека со облекувањето на овој дрес носи со себе одговорност. Тоа беше само лош ден и не верувам дека можеме повторно да доживееме таков еден. Како што видовте против Аталанта повторно изгледавме како фамилија“, рече Евра.

Наредниот викенд црно-белите играат со Торино го градското дерби и размислуваат за продолжување во Серија А.

„Освојувањето на шестата титула шампион по ред за нас е најважна работа бидејќи со тоа ќе влеземе во историјата. Титулата сеуште не е наша, па мораме да бидеме внимателни.

Сите напорно  тренираме бидејќи досега ништо не сме освоиле“, рече Евра.