Хет-трик на Ибраими, хет-трик на Боарето, Шкендија, Вардар, Брегалница и Пелистер во полуфинале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа реванш натпреварите од 1/4 финалето од купот на Македонија.

Брегалница ја совлада Победа со 3:0. Жежов во првото полувреме му донесе водство на Брегланица, а победата и пласманот во 1/2 финале ја осигура Ѓорѓев во 70-та минута. Здравков во финишот на натпреварот ги постави конечните 3:0. Брегалница со вкупен резултат 5:2 се пласира понатаму.

После ремито во Чаир, фудбалерите на Шкеднија во Тетово го декласираа Шкупи со 4:0. Бесарт Ибраими постигна хет-трик на натпреварот, а еден погодок постигна Жуниор. Шкендија е полуфиналист и беше подобра од Шкупи со вкупен резултат 4:0.

Пелистер славеше против Силекс со 1:2 на гости и полуфиналист. Маркоски во финишот на првото полувреме погоди за водство на битолскиот клуб, а Божиновски во второто полувреме ја зголеми предноста. Шансите на Силекс беа минимални за пласман понатаму, а Глигоров само ја намали предноста во 76-та минута за конечни 1:2. Силекс – Пелистер 1:3 вкупен резултат.

Вардар повторно го декласира Металург Скопје, 4:1. Николов и хет-трик на Боарето за победа на Вардар. Вардарци се пласираа во 1/2 финалето со вкупен резултат 8:2.