„Понудата на Мерцедес не се одбива“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите мото возачи на сите времиња, Валентино Роси не го криеше интересот повторно да седне во болидот на Ф1, овој пат во тој на Мерцедес.

Тото Волф пред некој ден, во шега, изјави дека празното место во Мерцедес би можел да го потполни Лоренцо или Роси.

Шпанецот изјави дека лесно управува со болид во Ф1, а Италијанецот нема ништо против да вози формула.

„Тоа би било убаво. Ако сака да ме повика, има мој број. Бев среќен кога го тестирав Ферари и како да се каже не ако ве повика Мерцедес.“