Против кој тим Анчелоти не сака да игра во осмина финалето?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Баерн од Минхен Карло Анчелоти рече дека не би сакал неговата екипа да игра против Реал Мадрид во осмина финалето на ЛШ.

Баерн вчера го победи Атлетико Мадрид со 1:0, во последното шесто коло од Групата Д во Лигата на шампионите, но зазеде второто место, па при ждребот ќе биде извлечен со една од првопласираните екипи од групната фаза.

Реал може да го освои првото место во групата Ф ако вечерва ја победи Борусија од Дортмунд.

Анчелоти така може да го предводи Баерн против својот поранешен клуб Реал, каде што работеше од 2013 до 2015 година.

„Нормално дека не би сакал да играм против Реал Мадрид, но ќе мораме да сочекаме и да видиме. Било да сте први или втори во групата, во осминафиналето има многу силни тимови. Без оглед на се, ќе биде тешко“, рече Анчелоти за ИН Спортс.

Ждребот за осмина финалето на ЛШ ќе се одржи на 12 декември.