Балкански менталитет – Хрватските хулигани направија хаос во Торино, полицијата мораше да интервенира со солзавец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полицијата во Торино денес мораше да интервенира за да ги смири хрватските хулигани кои допатуваа за натпреварот на Динамо Загреб против Јувентус во ЛШ.

Околу 200 гостински навивачи беа во центарот на градот каде конзумираа голема количина на алкохол. Торинската полиција се засили која ги чуваше гостинските навивачи, а потоа два часа пред почетокот на натпреварот ги насочи кон стадионот.

Кога стигнаа до стадионот, околу 200 хулигани се обидоа да се пресметаат со домашните навивачи фрлајќи петарди. Полицијата употреби солзавец за да ги смири. После тоа два полициски хеликоптери летаа над стадионот и ја снимаа ситуацијата.