„Бев многу блиску до еден клуб од ПЛ“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку е еден од најбараните играчи во Европа.

За неговите услуги се заинтересирани голем број клубови, а многумина сметаат дека вистинско чудо е тоа што Евертон успеа да го задржи.

Тој откри дека бил блиску да потпише договор со еден тим од ПЛ, но не сакаше да каже за кој тим станува збор.

„Нема да ве лажам. Постоеше еден таков тим, сепак дојде нов тренер во Евертон и тој ми кажа дека не сака да го напуштам тимот. Што се однесува до мене, нема да ја одбијам ниту Серија А, Ла Лига, Лига 1 или БЛ.“

Да потсетиме, тој одигра 13 натпревари и постигна 7 голови и 3 асистенции.