Кривтсов и Тајсон ја декласираа Брага среде Португалија, Виљареал и Фиорентина запишаа нови победи, Муарем со Карабах елиминиран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шест натпревари се одиграа од шестото коло од групната фаза во Лига Европа.

Шахтјор си поигра со Брага, 2:4. По еден погодок во двете полувремиња постигнаа Кривстсов и Тајсон за голема победа на украинскиот клуб и потврда на првото место во групата. Брага и покрај поразот се пласираше понатаму.

Османлиспор го совлада и го елиминира швајцарски Цирих, 2:0. Турскиот клуб се пласира понатаму од првата позиција. Во второто полувреме паднаа двата погодоци, Делагре и Киличасан беа стрелци во победата на својот тим.

Паок со победата против Либерец на домашен терен од 2:0 се пласира понатаму. Родригез и Пелкас му ја донесоа важната победа на грчкиот клуб.

Карабах и Муарем после денешниот пораз од Фиорентина на домашен терен беа елиминирани, 1:2. Вечино погоди за водство на Фиорентина, а Рејналдо го израмни резултатот. Чиеса три минути после погодокот на Рејналдо го врати водството на Фиорентина и ги постави коенечните 1:2. Муарем го одигра првото полувреме и на полувреме беше заменет.

Виљареал на Ел Мадригал ја совлада Стеауа со 2:1. Сансоне стрелаше за водство на жолтата подморцица. Гостите израмнија во второто полувреме, па останаа со фудбалер помалку на теренот. Тригуерос погоди за победа на Виљареал и пласман понатаму.

Кулибали е јунакот на Гент кој во 95-та минута му донесе пласман понатаму. Белгискиот клуб славеше минимално против Коњаспор на гости.