Минутажа или пари: Што е поважно?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Симоне Заза најверојатно во јануари ќе го напушти Вест Хем.

Заза во Лондон стигна од Јувентус на 1-годишна позајмица со опција за откуп на крајот на сезоната, но тој кај Билиќ не играше многу.

Италијанецот сега е во потрага по нов клуб, а понуда ќе добие од Валенсија.

„Најголем проблем претставува неговата плата која ја заработува во Вест Хем. Тоа дефинитивно не може да си го дозволиме бидејќи таа навистина е голема, но може да преговараме.“

„Ако успееме да договориме намалување на платите, би можеле да си го дозволиме.“

Одговорот на Заза ќе докаже дали тој сака повеќе пари или сака поголема минутажа на теренот.