Чапекоенсе го измени грбот во чест на загинатите фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб од Бразил на кој неодамна им се случи голема трагедија, го промени својот грб со цел да оддаде почест на членовите на клубот кои загинаа во падот на авионот.

Авионот со фудбалерите и стручниот штаб на Чапекоенсе се сруши во Медељин во Колумбија, каде што фудбалерите на бразилскиот клуб патуваа на финалето на Копа Судамерикана со локалниот Атлетико Насионал.

Загинаа 75 лица, од тоа 19 фудбалери, а сега клубот пронајде начин како на најдобар начин да оддаде почест на членовите кои страдаа во несреќата.

Имено, го променија својот грб, така што на довчерашната верзија додадоа две ѕвезди.

Една, поголема ѕвезда, која е ставена над грбот ставена е поради освојувањето на Копа Судамерикана, бидејќи на налог на другиот финалист Атлетико Насионал е доделен токму на бразилскиот клуб.

Втората ѕвезда, во буквата „Ф“ претставува омаж за настраданите фудбалери и останатите членови на клубот.