Како Вертонген го опишува Мурињо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген смета дека Жозе Мурињо е одличен менаџер, но една работа му смета кај Португалецот.

Вертонген пред натпреварот помеѓу Тотенхем и Јунајтед на Олд Трафорд во недела зборуваше за Мурињо, кој особено го почитува.

„Мурињо секогаш има нешто да каже. Тој е добар менаџер, но често зборува во медиумите. Тоа е дел од работата и очигледно дел од неговата игра“, изјави Вертонген.

„Тој е голем менаџер и пред се направи големи работи со различни тимови. Покажа дека е добар, и харизматичен и тоа му недостасува на фудбалот“, додаде играчот.